Татко ѝ ја принудувал да работи од тригодишна возраст, а има посебен прекар: Венус Вилијамс ги откри непознатите детали од животот

Точка

15/08/2025

11:35

477

Големина на фонт

а а а

Венус Вилијамс е една од најтрофејните спортистки во историјата и има многу причини да се гордее со себе. Иако многумина со години го следат нејзиниот живот, сè уште има многу работи што јавноста не ги знае за 45-годишната шампионка.

Во неодамнешното интервју за списанието „Us Weekly“, Венус откри 25 интересни факти за себе, а некои од нив се навистина трогателни. Кога ја прашале за нејзиното најголемо животно достигнување, таа одговори дека тоа не се петте златни олимписки медали – туку „фактот дека е постара сестра“ на Серена Вилијамс.


Исто така Венус додаде и дека Серена е најголемиот натпреварувач во семејството, а откри и сладок прекар што ѝ го дале ќерките на Серена – тетка Виви.


Спортистката која неодамна се сврши, ја сподели и својата дневна рутина за убавина, а истата е прилично едноставна.

„Само многу хидратнтен крем на лицето“ истакна Вилијамс. Кога станува збор за тренинзите, таа призна: „Ако не тренирам, се чувствувам ужасно виновна. Сакам да кревам тегови – кардиото не ми е омилено, но го практикувам“.


Венус се осврна и на детството, откривајќи дека нејзината прва работа била кога имала само три години.

„Мојата прва работа беше разнесување телефонски именици. Имав само три години – се потсети тенисерката, и додаде: „Татко ми инсистираше да работиме – не беше важно колку години имаме“.


Но, нејзиното омилено сеќавање од детството било одењето на игралиште.

Овие симпатични признанија доаѓаат откако беше објавено дека Венус повторно ќе настапи на Гренд слем, откако доби специјална покана („вајлд кард“) да се натпреварува во поединечна конкуренција на Флашинг Медоус.


Така таа ќе стане најстарата тенисерка во главниот ждреб во поединечна конкуренција по Рене Ричардс, која играла на 47-годишна возраст во 1981 година, според податоците на Меѓународната тениска федерација. Таа веќе доби „вајлд-кард“ од Американската тениска асоцијација за мешани двојки за следната недела, додека натпреварите во поединечна конкуренција започнуваат во Њујорк на 24 август.


Обожавателите со нетрпение го очекуваат нејзиниот настап, иако е јасно дека нема да може да се натпреварува засекогаш. Сепак, таа призна дека го посакува тоа: „Супермоќта што би сакала да ја имам е никогаш да не остарам. Така би можела да играм тенис засекогаш“, рече Венус.