Анри го анализираше Ѓекереш: Вознемирувачки е што во фудбалот повеќе нема трпение

Дерби

15/08/2025

11:13

209

Големина на фонт

а а а

Виктор Ѓекереш го комплетираше фамозниот трансфер во Арсенал и ја „грабна“ легендарната „14-ка“ на Тјери Анри, но и пред да се одлучи за таков потег, очекувањата од него беа огромни уште при самата реализација на зделката.

Ѓекереш го чинеше Арсенал 65 милиони фунти и се очекува да биде ударна игла во нападот на Микел Артета, па во ситуација кога фановите се возбудени од тоа што може да го понуди на теренот, славниот Анри предупредува да не се избрзува со Швеѓанецот.

– Секогаш е неправедно да се суди нов напаѓач. Оваа позиција со себе носи дополнителен притисок и треба да се има трпение. Од натпреварот со Атлетик Билбао, можевме да видиме за каков фудбалер станува збор. Тој е класична „деветка“, го препозна добриот центаршут и со одличен удар со глава постигна гол.

– Тоа е гол на класична „деветка“, тој не е тип на играч како Фирмино, него нема да го гледате во средниот ред. Тој сака да биде во шеснаесетникот, блиску до двете стативи и веќе самиот кажа дека сака што повеќе топки на тој дел од теренот.

– Тој е убиец во шеснаесетникот, бројките не лажат и го покажа тоа во Спортинг. Арсенал е тим кој креира многу шанси, па би требало да биде перфектен склоп, но исто така, понекогаш работите не „кликаат“ веднаш. Луѓето треба да бидат трпеливи со него, а вознемирувачки е тоа што во модерниот фудбал веќе нема трпение.

– Сите очекуваат перформанси веднаш, сите ќе очекуваат голови и титули за нашиот тим. Виктор веќе беше дел од Англија, знае како е да се страда и сега гледам играч кој има поголема самодоверба. Јас сакам да зборувам за луѓето кога ќе ми покажат што можат да направат. Во овој момент, луѓето повеќе зборуваат уште пред да видиме било какви перформанси. Јас сум голем фан на Арсенал, се надевам дека ќе му оди добро и дека ќе не води до титули, но тој нема да може да го направи тоа сам. Потребен ќе му биде цел тим, – вели Анри.