[ВИДЕО] Бехар е меѓу најдобрите стрелци во Словенија: Фета го постигна десеттиот гол за Алуминиј

Дерби

17/04/2026

07:42

151

Големина на фонт

а а а

Македонскиот интернационалец, Бехар Фета дојде до двоцифрен број на постигнати погодоци за Алуминиј во првата лига на Словенија.

Офанзивецот даде придонес во славјето на неговиот тим над Мура од 2-1, меч во кој Фета го постигна вториот погодок за домашната екипа. Се отвори контра за Алуминиј во 74 минута, а токму Бехар ја заврши акцијата и со тоа дојде до десеттиот гол во шампионатот.

Со ова поранешниот младински репрезентативец на Македонија потврди дека е во одличен ритам, но и најава дека до крајот ќе се бори за титулата најдобар стрелец во првенството.

Само двајца играчи се поефикасни од него Ковачевиќ од Целје и Тете од Марибор кои имаат по 11 погодоци.