Поранешниот голман на репрезентацијата на Австрија, Александер Манингер, загина во Салцбург.
Фудбалскиот свет е потресен од веста за смртта на Александер Манингер. Поранешниот голман на Јувентус и Арсенал го загуби животот во сообраќајна несреќа на 48-годишна возраст.
Според информациите од локалната полиција, трагедијата се случила на необезбеден железнички премин на локална пруга во Салцбург, во местото Нусдорф ам Хаунсберг. По несреќата се огласи и неговиот поранешен клуб Јувентус преку социјалните мрежи.
Today is a very sad day.
We have lost not only a great athlete, but a man of rare values: humility, dedication, and an...
Posted by Juventus on Thursday 16 April 2026
Манингер во текот на кариерата остави длабока трага, особено во Арсенал, каде што испиша историја како прв Австриец кој заиграл за овој клуб. Во сезоната 1997/98 беше дел од генерацијата која ја освои Премиер лигата и ФА Купот. Иако подоцна го загуби местото прв голман зад Дејвид Симан и Ричард Рајт, го напушти Хајбери во 2002 година со значајни успеси зад себе.
Потоа продолжи богата кариера низ Европа, менувајќи голем број клубови. Бранеше за Торино, Ред Бул Салцбург, Удинезе и Јувентус, а потоа повторно се испроба во Премиер лигата. По заминувањето од Аугсбург во 2016 година, тренираше со Ливерпул за да ја одржи формата додека бараше нов ангажман.
Former Juventus and Arsenal GK Alex Manninger has passed away in a car accident at 48 years old.
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) April 16, 2026
Rest in peace, Alex. 🕊️💔 pic.twitter.com/7sQmqqeKza
Манингер беше еден од најуспешните австриски голмани на својата генерација. Меѓународна афирмација стекна токму во Арсенал, каде како замена за Дејвид Симан ја искористи шансата и со сигурни настапи даде значаен придонес во освојувањето на двојната круна.
Старата дама се прости од својот поранешен чувар на мрежата.

„Денес е многу тажен ден. Изгубивме не само голем спортист, туку и човек со ретки вредности: скромност, посветеност и исклучителен професионализам. Алекс Манингер ќе остане запаметен по примерот што го поставуваше, на теренот и надвор од него. Јувентус изразува најдлабоко сочувство и е со неговото семејство во овој тежок момент“.
Иако често не беше долгорочно прв избор во најголемите клубови, остана запаметен како врвен професионалец, познат по дисциплина, долговечност и подготвеност да одговори кога тоа беше најпотребно.

Во текот на кариерата бранеше за СВ Салцбург, Форвертс Штајр, ГАК Грац, Арсенал, Фиорентина, Еспањол, Торино, Болоња, Сиена, Ред Бул Салцбург, Удинезе, Јувентус и Аугсбург, додека за репрезентацијата на Австрија запиша 33 настапи.














