Рајан Гравенберх има посебно значење за тимот на Ливерпул откако менаџер на „црвените“ е Арне Слот, а во последното интервју тој зборувал за тешкиот период во Баерн Минхен.
Германците го купија холандскиот фудбалер од Ајакс, но под водство на Јулијан Нагелсман тој добиваше минорна минутажа и тврди дека психолошки не можел да го издржи тој период.
– Почнав да полудувам, среќа што моите родители се преселија во Минхен и беа блиску до мене.
– Не знам што ќе се случеше ако бев сам, психолошки тешко го поднесував периодот, се радував што сме шампиони, но мојот придонес беше многу мал. Откако дојде Томас Тухел, последните два месеца добив минутажа поголема од таа што ја имав сите претходни месеци заедно.
– Знаев дека сме германски шампиони, но јас не се чувствував така. Тоа беше целосно различно чувство од другите ситуации во кои сум освојувал трофеи, – изјавил Гравенберх.