Руни за критиките на НФЛ легендата: Коментарот на Брејди за мојата работа не беше фер

Дерби

14/08/2025

13:44

215

Големина на фонт

а а а

Вејн Руни работеше како менаџер на Бирмингем во периодот откако клубот доби нови сопственици, а малцински сопственик стана и НФЛ легендата, Том Брејди.

Во јавност излезе изјава на Американецот во која тој изразува загриженост од несоодветната работна етика на Руни, а легендата на Манчестер Јунајтед смета дека таквиот став бил некоректен.

– Мислам дека Том дојде еднаш на наш тренинг, тоа беше во пресрет на натпревар кога тренинзите се полесни, а сметам дека тој и не го разбира најдобро фудбалот.

– Фудбалот не е НФЛ. Во НФЛ играат само три месеци во годината, а овде фудбалерите мора да добијат одмор, па мислам дека начинот на кој ја оцени мојата работа е некоректен.

– Кога отидов во Бирмингем, клубот беше во вистински хаос, а екипата располагаше со фудбалери кои не можеа да ја одведат на повисоко ниво. После мене, се мачеа и тренери како Тони Моубреј и Гери Роуит.

– Го почитувам Том максимално, мислам дека е еден од најдобрите, ако не и најдобар спортист во историјата. Сега Бирмингем се движи во правилна насока и мислам дека имаат екипа со која може да имаат големи аспирации, – рекол Руни.

Поранешниот англиски репрезентативец го презема тимот кога беше на шестото место, а 15 натпревари подоцна Бирмингем беше на 20. место на табелата, Руни доби отказ, а екипата испадна од Чемпионшип.