Јувентус одамна донесе решение дека инсистира на разделба со Душан Влаховиќ ова лето, но српскиот репрезентативец има поинакви планови.
Италијанските медиуми тврдат дека Влаховиќ решил да не прави било каков трансфер за да му излезе во пресрет на италијанскиот клуб, туку да остане и да ја одработи последната сезона од договорот со тимот од Торино.
Влаховиќ е свесен дека тоа значи дека нема да биде дел од проектот на Игор Тудор и најмногу што може да стигне е клупата за резервни фудбалери, но истовремено ќе си заработи 12 милиони евра гарантирани со договорот кој го има со Јуве.
Ваквиот став и сценарио ќе предизвикаат негативни реакции кај менаџментот, а сигурно и меѓу фановите кои не беа задоволни од ефектот на Влаховиќ последните сезони, но тоа нема да го спречи српскиот интернационалец да ја реализира својата идеја.
Реалноста вели дека ниту еден поголем европски клуб досега не испратил понуда за напаѓачот, периодов се споменуваше Милан како опција, но Јувентус се уште не може да најде начин како да се „откачи“ од својот најплатен фудбалер.