Англиската фудбалска асоцијација (ФА) го суспендира поранешниот судија од Премиер лигата, Дејвид Кут, на два месеци.
Суспензијата му е изречена поради навредливи коментари за поранешниот тренер на Ливерпул, Јирген Клоп, објавени на социјалните мрежи.
ФА во соопштението наведува дека Кут изразил „длабоко каење“, признавајќи дека неговите коментари биле „груби и несоодветни“.
Кут (43) ќе мора да посетува образовен курс покрај суспензијата.
Во ноември минатата година, на интернет се појави видео во кое Кут зборува навредливо за националноста на германскиот тренер. Видеото е снимено во јули 2020 година додека Клоп го водеше Ливерпул.
Еден месец подоцна, Кут беше отпуштен од Премиер лигата, а набрзо беше суспендиран и од Европската фудбалска унија (УЕФА), поради видео на кое наводно се гледа како користи кокаин за време на Европското првенство.
Суспензијата на Кут од УЕФА истекува на 30 јуни 2026 година.