Италијанскиот голман Џиџио Донарума не е во составот со кој ПСЖ ќе настапи на Супер куп дуелот со Тотенхем во Удине, а тоа е сигнал од францускиот клуб до досегашниот стандарден голман дека треба да си бара нова средина.
ПСЖ сака да го продаде Донарума додека има уште една година од актуелниот договор, но ретко кој очекуваше дека Насер Ал Келаифи и неговите соработници ќе бидат толку брутални со голманот кој беше еден од најзаслужните за првата европска титула.
Со реакција се јави и Кристијан Абијати, поранешниот колега и ментор на Донарума, кој не може да се изначуди на потегот на европскиот првак.
– Има нешто лудо во целата оваа работа, или пак ние не знаеме нешто важно што се случило.
– Само во тој случај може да се најде логика, инаку се друго е лудо и нелогично.
– Може да се каже дека има голмани кои играат подобро од него со нога, но ова не е начин да замениш голман кој ти го донел трофејот од Лигата на шампионите во клупските витрини, – рекол Абијати.