[ФОТО/ВИДЕО] Иако има 29 години, игра очајно: Русинот кој го победувал и Ѓоковиќ, сега од „срам ја става главата во фрижидер“

Точка

11/08/2025

10:15

1.589

Големина на фонт

а а а

Ново очајно издание на Данил Медведев кој веќе не наликува на тенисерот кој некогаш бил најдобар во светот.

Рускиот тенисер игра очајна сезона и има три победи на последните четири турнири. Беше елиминиран во првото коло на Вимблдон, во третото на турнирот во Вашингтон, во второто коло на Торонто и повторно во првото коло на Синсинати. Ако можеше да се претпостави дека не бил најподготвен за трева, сега станува болно да се гледа на неговата убедливо најдобра подлога – бетон.

Имено Медведев загуби од „анонимниот“ Адам Волтон од Австралија (85-ти тенисер во светот), кој го победи во три сета 6:7, 6:4, 6:1. Иако го загуби првиот сет во тајбрејк во кој не освои ниту еден поен, Волтон не се откажа и почувствува дека Медведев е поранлив од кога било досега, па видовме како ја подобри играта и го искористи фактот дека е во многу подобра физичка форма од Русинот, кој за жал понекогаш изгледа како поранешен тенисер.

Не се работи само за пад на самодовербата и недоволна „глад“ во неговите очи, туку неговата физичка состојба навистина не изгледа како некогаш да бил најдобриот тенисер во светот, кој најмногу го „предизвикувал“ Ѓоковиќ во периодот помеѓу 2019 и 2021 година, кога го победи на американска почва во финалето на УС Опен, додека сега не може да го помине ни првото коло во Синсинати.

Зошто Медведев ја пикна главата во фрижидер?

Во текот на натпреварот со Волтон, Медведев повторно тешко ја поднесуваше топлината. Иако во Синсинати е навистина топло во ова време од годината, сепак се чини дека Русинот многу потешко се справува со топлината отколку пред неколку години. За време на секоја пауза, тој беше покриен со пешкири со мраз, додека за време на една пауза дури и ја пикна главата во фрижидер.

Навивачите пак се пошегуваа дека тоа го направил од срам, а не затоа што му било многу топло во САД.

Нов пад на АТП листата?

Медведев е моментално 13-ти тенисер во светот и во зависност од резултатите на другите тенисери, би можел да падне за пет или шест позиции на АТП листата пред УС Опен.


За негова среќа, Рубљов и Тијафо бранат огромен број поени во Синсинати, па затоа најверојатно нема да доживее голем пад пред последниот Гренд слем во сезоната, но со оглед на начинот на кој игра во моментов, можеби треба да размисли и за пауза.