Синоќа околу 00:20 часот во СВР Штип било пријавено дека на ул.„Кеј Димитар Влахов“ во Штип, М.С.(18) од Штип, управувајќи мопед со штипски регистарски ознаки, изгубил контрола и удрил во паркирано патничко возило „ауди“.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила неговата малолетна сопатничка од Штип, констатирани во Клиничка болница Штип.
По наредба на јавен обвинител извршен бил увид од увидна екипа на СВР Штип, при што било констатирано дека возачот М.С. е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,00 промили алкохол во организмот.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.