Кражба на струја предизвика пожар на бандера и куќа во Чаир

Макфакс

09/08/2025

13:13

353

Големина на фонт

а а а

Поради кражба на струја настанал пожар на бандера на ЕВН и куќа во Чаир.

Според информациите на МВР, вчера во 19:20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачје на Чаир во Скопје настанал пожар на бандера сопственост на ЕВН Македонија и куќа сопственост на С.К.(63) од Скопје.

Од Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема.

Екипа од ЕВН излегла на местото било констатирано дека со кабелот, кој го предизвикал пожарот, била вршена кражба на електрична енергија.

Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје и за настанот бил известен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.