Летото е тука, а со него и жешките денови кога никому не му е до тешка храна или стоење покрај шпорет. Сите посегнуваме по нешто лесно, освежително и – ако може – готово за неколку минути. А сепак, сакаме и да биде вкусно и да не нè остави гладни после еден час.
Добрата вест? Денес здравата храна е супер достапна! Не мора да поминувате часови во кујна, доволно е само да знаете што да побарате. Следниот пат кога ќе бидете во маркет, поминете покрај рафтот со здрава храна и фрлете око на производите од Виталиа, кои се одговорот на прашањето што сите си го поставуваме: „Што да јадам денес, а да е лесно и здраво?“
Знаете веќе – појадокот е must! Особено ако е брз, лесен и ве држи сити со часови. Наш предлог? Преноќна овесна каша, која е одличен начин да се започне утрото и да му се дадат на телото нутриенти кои ќе го поттикнат на движење и активност. Едноставно подгответе ја овесната каша вечерта пред да си легнете, по желба додадете ѝ свежо овошје или лажичка мед, оставете ја во фрижидер во текот на ноќта и кога ќе станете ќе имате вкусен и здрав појадок, богат со растителни влакна кои ќе ве одржат сити и ќе ви дадат енергија за целиот ден.
За ручек? Нешто лесно, но хранливо. Во лето никому не му се јаде нешто тешко – затоа е време за салати, но не какви било! Пробајте салата со киноа, збогатена со семки од тиква, тостиран сусам и лен. Или уште подобро – мешавина од 4 семиња од Виталиа, која ќе ја направи секоја салата суперфункционален оброк.
И за крај, не треба да го заборавиме десертот. Оној краток, сладок дел од денот кога ќе си допуштиме да уживаме во вкусот на закуската која сме ја одбрале. Во моментот на одмор, кога на организмот му е потребна мала слатка поткрепа, време е за пробиотско колаче. Тоа е всушност новата генерација на функционална ужина – заситува, заблажува, а е без додаден шеќер, со 5 различни бактерии добри за вашиот дигестивен систем, над 55% овесни снегулки и изобилува со растителни влакна со што ќе му помогне на организмот да го одржи внатрешниот баланс и добрата дигестија.
Уживајте во летото со здравите и вкусни производи на Виталиа!
Комерцијален текст