Џесика Симпсон (46) повторно е вљубена и тоа по распадот на 10-годишниот брак со НФЛ-ѕвездата Ерик Џонсон. Љубовта ја пронашла покрај 13 години помладиот музичар Томас Ајзенхуд, а за медиумите накратко ја прокоментирала врската.
Кога новинарите ја снимиле во Лос Анџелес, ѝ поставиле прашање за новата врска и љубовната романса. Тогаш пејачката и актерка накратко, со насмевка на лицето, изјавила дека е среќна.
„Многу сум среќна“, им порачала накратко на љубопитните новинари.
Инаку, според пишувањата на „ТМЗ“, парот се запознал преку заеднички пријатели од музичката индустрија. За првпат биле забележани заедно на почетокот на октомври, кога посетиле еден фестивал.

Според наводите на повеќе извори, тие се обидувале да останат незабележани, но ги издала хемијата и блискоста што ја развиле со текот на времето.
Кој е Томас Ајзенхуд?
Иако се труди да го држи својот приватен живот подалеку од очите на јавноста, Томас е музичар од Нешвил, кој од 2012 до 2023 година бил член на групата „Ступ Кидс“ (Stoop Kids), во која свирел саксофон.

Покрај тоа, работел и како тонски техничар на музички фестивали.












