Забарњи се сели на „Паркот на принцовите“

Макфакс

07/08/2025

15:30

347

Големина на фонт

а а а

Луис Енрике успеа во намерите да го донесе дефанзивецот Илија Забарњи во редовите на Пари Сен Жермен.

Од почетокот на летото се знаеше дека нема да има место за Бералдо во Пари Сен Жермен, па Луис Енрике го означи Украинецот како уште еден играч во ротацијата.

Забарњи има одлична сезона зад себе во која играше во тандем со Дин Хујсен.

Исто како и младиот Шпанец, Украинецот ќе ја полни касата на Борнмут, бидејќи ПСЖ ќе плати 63.000.000 евра веднаш, како и дополнителни бонуси до 70.000.000.

Забарњи одамна ги договори личните услови, сакаше да му се приклучи на ПСЖ.

Европскиот првак наскоро треба да го реши и прашањето на голманската позиција, откако Џиџи Донарума реши да не го продолжи договорот.

Кога Италијанецот ќе најде клуб, тогаш во Париз за 40.000.000 евра ќе пристигне Лука Швалие од Лил.