Јувентус ќе го „спасува“ Њукасл за да ја оствари главната цел во преодниот рок

Дерби

08/08/2025

11:10

77

Големина на фонт

а а а

Душан Влаховиќ трпеливо тренира со соиграчите од Јувентус на подготовките во Германија, иако и тој и клубот се свесни дека шансита да остане во Торино се минимални, па и двете страни бараат најдобро решение за неговата иднина.

Во ситуација кога досега ниту еден клуб не почна поагресивни и поконкретни преговори за потписот на Србинот, раководството на „бјанконерите“ сакаат да го понудат Влаховиќ на очајниот за напаѓач Њукасл.

Премиерлигашот досега не успеа да финализира преговори со ниту еден играч кого го посакуваше, па можеби Влаховиќ е вистинско решение, посебно што за него не е потребна голема инвестиција во текот на ова лето.

Интересот на Јуве за да го олесни овој трансфер е конечно да добие поголема шанса за да го доведе Сандро Тонали во своите редови. Италијанскиот репрезентативец е сон на Јуве веќе неколку сезони, но Њукасл досега не ни помислуваше да ги отвори вратите за заминување на играчот за врска, кој во Англија дојде од редовите на Милан.

Менаџментот на торинскиот клуб е свесен дека мисијата Тонали е сложена, но се надева дека Влаховиќ може да ги подотвори вратите за вакво сценарио, пренесува „Газета дело Спорт“.