Мурињо не е во тоа друштво: Лукаку ги издвои четворицата најважни тренери во неговата кариера

Дерби

08/08/2025

11:09

48

Големина на фонт

а а а

Ромелу Лукаку и во новата сезона ќе го гледаме во дресот на Наполи, клуб во кој работи со Антонио Конте, стратег со кој има супер соработка, одлично се разбираат, а потврда за тоа се титули кои беа освоени во Неапол и претходно во Милано со Интер.

Белгиецот има навистина високо мислење за стратегот кој едноставно знае како да го мотивира и го извлече најдоброто од него.

- Имаме ист менталитет: Подобрувањето доаѓа само со напорна работа. Тој има фудбалска идеја што одговара на моите карактеристики, а кога сум дома, се обидувам да ги научам концептите на играта што тој ги сака. Нашата врска отсекогаш функционирала затоа што тој знае како да ми даде мотивација да се обидувам да бидам најсилен секој ден, - вели Ромелу за кого Антонио е како татковска фугура или поточно меѓу четворицата тренери кои имале најважно влијание врз него.

- Да, исто како што Роберто Мартинез беше во Белгија, Куман во Евертон и Ариел Јакобс во Андерлехт, - истакна напаѓачот кој не го смести Жозе Мурињо во оваа група иако работеше со него во три клуба Челси, Рома и Манчестер Јунајтед.