Модриќ имаше интересно прашање за Пулишич на нивната прва средба

Дерби

07/08/2025

12:12

857

Големина на фонт

а а а

Лука Модриќ реши да ја продолжи кариерата во Милан, а неговата неодамнешна официјална промоција донесе и интересни содржини поврзани со Хрватот и новата етапа во неговата богата кариера.

Доскорешната ѕвезда на Реал Мадрид ќе ги зголеми амбициите на „росонерите“ во новата сезона, но на теренот ќе му треба помош од соиграчите, меѓу кои Кристијан Пулишич се истакнува како еден од клучните фудбалери на екипата предводена од Макс Алегри.

Првата средба на Модриќ и Пулишич во клупската база донесе и интересен разговор меѓу двајцата, а Лука веројатно посакуваше поинаков одговор од својот ов соиграч.

Пулишич има хрватски корени и секогаш истакнувал дека се гордее поради тоа, но мораше да му признае на Модриќ дека не знае ни збор хрватски.

Модриќ на средбата го прашува Пулишич дали го познава јазикот, на што доби негативен одговор, а присутните се пошегуваа дека има само хрватски пасош и ништо повеќе од тоа.