Роналдо за новиот соиграч: Жоао Феликс постапи правилно што не замина во Бенфика

Дерби

08/08/2025

11:11

94

Големина на фонт

а а а

Екипата на Ал Наср вчера оствари убедлива победа против португалскиот ривал Рио Аве, а првата ѕвезда на клубот, Кристијано Роналдо, по натпреварот зборувал за својот тим, амбициите во новата сезона и новиот соиграч Жоао Феликс.

Феликс дојде од редовите на Челси и ја зголеми португалската колонија во составот од Ријад, а Роналдо смета дека сонародникот направил правилен потег што го жртвувал играњето во Лигата на шампионите за настапите во квалитетното првенство на Саудиска Арабија и другите турнири на кои ќе се појави Ал Наср.

– Сите знаат дека Жоао Феликс има сериозен талент и сигурен сум дека ќе ни помогне во првенството кое е многу конкурентно.

– Според мене, ова беше подобра варијанта за него, отколку да ја избереше Бенфика и да игра во Португалија.

– Без разлика што нема да игра во Лигата на шампионите, сметам дека донесе правилна одлука. Во однос на тоа дали сум му се јавувал да го убедувам да ни се придружи, знаете дека тоа не е моја работа и обврска, – рекол Роналдо.