Дарвин Нуњез ја заврши својата етапа во Ливерпул и деновиве ќе биде промовиран како нов играч на Ал Хилал.
Она што беше најавувано последните денови дојде до официјална реализација, па клубот од Саудиска Арабија постигнал договор со клубот и фудбалерот за овој трансфер.
Ал Хилал ќе му плати на Ливерпул 46 милиони фунти за трансферот на Уругваецот, а тој добил дозвола од клубот да оди на лекарски прегледи во новата средина.
26-годишниот напаѓач дојде во Ливерпул од Бенфика во 2022 година, а тогаш англискиот клуб плати 64 милиони фунти.
Во дресот на Ливерпул, Нуњез постигна 40 голови на 140 настапи.