Суперкомпјутерот пресмета кој има најголеми шанси за титулата во Премиер лигата

Дерби

07/08/2025

11:51

418

Големина на фонт

а а а

Пред нас е уште едно возбудлива сезона во Премиер лигата, сезона која стартува на средината на овој месец што значи дека уште малку им останува на клубовите да се подготват за „патувањето“ во натпреварувачката 2025/2026.

Се очекува да биде доста интересно со оглед на огромните вложувања особено во борбата за врвот, пехарот со тоа што ако се прашува суперкомпјутерот на Опта имаме една екипа која е пред сите во трката за пехарот.

Тоа е Ливерпул на кого му се даваат 28.5 проценти дека ќе биде прв на крајот на кампањата. Зад него е Арсенал кој има 24.2 да стане првак по што следува Манчестер Сити со 18.8 и Челси со 8,4 проценти.

Манчестер Јунајтед пак кој исто сериозно вложи во играчкиот кадар летово има 0,6 проценти да биде број еден во Премиер лигата.

На Јунајтед му се предвидува 12 место, а на Тотенхем дури 14 позиција што реално би било катастрофа за двете екипи две години по ред да потфрлат во домашниот шампионат.