Ширер за ситуацијата со Шешко: Ова ќе биде катастрофа за Њукасл

Дерби

07/08/2025

12:13

605

Големина на фонт

а а а

Алан Ширер не може да биде задоволен од актуелниот преоден рок и активностите на Њукасл и во последната изјава не ги криел фрустрациите поради најавата дека неговиот поранешен клуб ќе го испушти и Бенџамин Шешко.

Медиумите најавуват дека Манчестер Јунајтед ќе ја добие битката со Њукасл за Словенецот, пред се поради личниот избор на фудбалерот, а Ширер смета дека тоа е уште едно сериозно потфрлување на менаџментот.

– Разбирам дека Манчестер Јунајтед е многу голем клуб, иако во моментов не е толку голем и успешен тим.

– Делува дека Шешко го избрал Јунајтед, а тоа значи уште едно големо разочарување за Њукасл, уште една трансфер цел која не е реализирана.

– Можам само да го потврдам она што веќе и го најавив, ова ќе биде катастрофален преоден рок за Њукасл, – рекла клупската легенда на „црно-белите“.

Њукасл досега се засили со Еланга, но извиси за играчи како Екитике, Жоао Педро, Мбеумо и Трафорд и сите овие играчи избраа англиски ривал.