Баерн Минхен тргнува по уште една премиерлигашка ѕвезда

Дерби

08/08/2025

11:12

122

Големина на фонт

а а а

Раководството на Баерн Минхен неодамна го договори трансферот на Луис Диаз од Ливерпул, а наредната цел повторно е фудбалер кој досега настапуваше во Премиер лигата.

Баварците се навикнаа на шопинг од англиските клубови, а менџментот сега се обидува да договори трансфер на Николас Џексон од редовите на Челси.

Конкуренцијата во нападот на лондонскиот тим сезонава ќе биде многу поголема и Сенегалецот веќе не е во прв план по доаѓањето на играчи како Жоао Педро и Лиам Делап, па Челси е отворен за преговори, со тоа што Баерн побарал информација за условите под кои може да се надева на купување на Џексон.

Џексон има 24 години и потенцијал кој може да го искористи во редовите на бундеслигашот, а проценките се дека Челси ќе тргне од сума од 65 милиони евра во преговорите со Баерн Минхен.

Ривал на германскиот клуб во трката за Сенегалецот може да биде Њукасл, кој летово никако не може да договори засилување на напаѓачката позиција.