Томас Парти и официјално е фудбалер на Виљареал.
32-годишниот интернационалец од Гана не го обнови договорот со Арсенал ова лето, а само четири дена по истекот на договорот, доби тужба за пет силувања поднесени од две жени и тужба за сексуален напад поднесена од трета девојка.
Парти ги негира сите обвинувања, а во средата беше сослушан на суд и доби условна кауција, му беше дадена и дозвола да ја напушти земјата, што му овозможи да потпише едногодишен договор со Виљареал.
Според условите што ги постави судот, Парти не смее да контактира со ниту една од трите жени, мора да пријави каква било промена на адресата во полицијата и мора редовно да одговара на судските покани за сослушувања.
Следното е закажано за 2 септември. По потпишувањето и официјалната дозвола за патување во Шпанија, неговиот нов работодавач, Виљареал, исто така, се огласи.
„Клубот е свесен дека играчот во моментов е вклучен во правен процес во Англија. Клубот го почитува основниот принцип дека секој е невин додека не се докаже дека е виновен, судот е тој што ќе го разјасни овој случај.“
Исто така, поради законот во Англија, клубот нема да дава дополнителни коментари за случајот“, кратко и јасно објави Виљареал.
Тие додадоа дека се против сите форми на насилство, дискриминација, расизам, ксенофобија…