Кањизарес со критики за Тер Штеген: Ако имате отворена војна со клубот…

Дерби

08/08/2025

11:06

65

Големина на фонт

а а а

Шпанската фудбалска легенда, Сантијаго Кањизарес даде свој коментар за ситуацијата на Марк Андре Тер Штеген во редовите на Барселона.

Германецот долго време беше еден од омилените играчи на навивачите, човек кој беше исклучително ценет и почитуван, меѓутоа како што минува времето со некој свои потези ја губи поддршката базата и тоа не само од фановите туку и од раководството на клубот.

Станува се појасно дека тој нема иднина на „Камп Ноу“ и потврда за тоа е ангажманот на Жоан Гарсија кој е доведен да биде прв голман, додека замена ќе му биде искусниот Војчех Шчесни. Тер Штеген како да се лути и полека влезе во „војна“ со клубот, па поведена е дисциплинска постапка и повеќе не е капитен на екипата.

- Капитенот ги претставува играчите на натпревар и на преговарачката маса кога станува збор за бонуси или спор. Тој не може да биде мрзлив, да создава лоша атмосфера или да биде себичен. Тој мора да биде пример. Тој мора да ги охрабри сите да се посветат и да играат добро, да бидат тимски играчи, да имаат добра атмосфера и да се обидат да ги решат конфликтите со клубот или соиграчите.

- Но, секако, ако вие го создадете конфликтот… Ако имате отворена војна со клубот, нема смисла тој играч да биде капитен. Напротив, капитенот сега би бил таму за да го реши конфликтот на Тер Штеген, - рече Шпанецот и додаде:

- Кога не играше, неговото однесување оставаше многу тоа да се посака. Но, како и многу Германци, тие имаат такво однесување. Тие мора да бидат стартери. Ние, голманите, сме виновни што сме себични бидејќи ако не започнеме, нема да играме цела година, - заклучи некогашниот ас на Реал Мадрид и Валенсија.