Вест Хем се раздели со Антонио

Макфакс

08/08/2025

11:04

53

Големина на фонт

а а а

Вест Хем одлучи да не го обнови договорот со Мајкл Антонио, кој преживеа тешка сообраќајна несреќа пред осум месеци.

Ова сценарио го најави тренерот Грем Потер, кој во Атланта изјави дека Антонио не е во неговите планови. Сепак, клубот сè уште преговара со 35-годишниот јамајкански репрезентативец за добивање на некоја друга улога во клубот.

За 10 години поминати во клубот, Антонио постигна 83 гола во 323 натпревари. Тој беше еден од најважните играчи во освојувањето на првиот трофеј по 43 години кога „чеканите“ славеа во 2023 година во Конференциската лига.

Иако преживеа тешка несреќа пред осум месеци, Антонио успеа да му се врати на фудбалот. Тој играше за Јамајка на Голд Купот на КОНКАКАФ ова лето и се чини дека засега нема намера да замине во пензија.