[ФОТО/ВИДЕО] Погледнете како плажата се претвора во најлуд тениски турнир на песок: Го освојувале великани

Точка

05/08/2025

16:40

850

Големина на фонт

а а а

Се чини дека со појавувањето на Јаник Синер и Карлос Алкараз, тенисот повторно ја врати својата популарност по падот на заинтересираноста со заминувањето на „големата тројка“, но дали знаевте дека во Шпанија постои турнир што не може да се види никаде во светот, а кој се игра на песочна плажа.

Познатата плажа Ла Рибера, која се наоѓа во градот Луанко на северот од Шпанија, е домаќин на уникатен тениски турнир од 1971 година, кој се игра на песочна плажа при осека.

Турнирот се вика Торнео Тенис Плаја, а се нарекува и Трофео Хуан Аведано, по најуспешниот тенисер на овој турнир.

Се работи за единствениот тениски турнир во светот што се организира на песок, а трибините на плажата сместуваат 2.000 гледачи и секогаш се полни до последното седиште.

Првиот турнир се одржал во 1971 година, основан од група пријатели кои немале каде да играат тенис. Тие импровизирале правејќи терен на песок и иако имале бројни тешкотии со отскокнувањето на топката на влажниот терен, турнирот некако оживеал.

Истиот се одржува помеѓу јули и август, кога во текот на ноќта ќе дојде до осека. Од 2006 година, турнирот е прогласен за туристичка активност и се емитува од австриската телевизиска станица ТПА.

Од 2014 година, одборот на директори на Торнео Тенис Плаја не го постигнал посакуваниот договор за организирање на турнирот, па така тој не се одржувал со години.


Меѓутоа трофејот се врати во 2022 година, а во видеото можете да видите како изгледа организацијата на турнирот и тениски меч на плажа.

Вреди да се спомене дека на турнирот учествувале великани на светскиот тенис, а го освоиле големи имиња како што се Томи Робредо, Николас Алмагро, Давид Ферер, Гилермо Кањас, Фернандо Вердаско, Фелисијано Лопез, Хуан Карлос Фереро, Алберто Монтанес, Пабло Карењо-Буста…


Актуелен шампион е Диего Шварцман, кој ја освои титулата во 2024 година откако го победи Педро Кашин со 2:1 во сетови.