[ФОТО/ВИДЕО] Поради познатата тенисерка вчера плачеше „цела“ Австралија: 53 килограми послаба и среќна, со зборови кои им влеваат надеж на сите кои страдаат

Точка

04/08/2025

19:10

1.302

Големина на фонт

а а а

Документарецот на тенисерката Јелена Докиќ вчера го доби највредното австралиско признание, а многумина денеска пишуваат дека не постои никој кој заслужува поголема среќа, почит и восхит.

Докиќ, некогаш една од најперспективните тенисерки на планетата, сега е многу успешна спортска коментаторка и жена која често се појавувала во медиумите за работи кои немаат врска со спортот.

Познато е како изгледал нејзиниот живот за време на нејзината кариера, особено во светло на насилниот однос на Дамир Докиќ (нејзиниот татко) кон неа, и дека поминала низ многу тешки моменти поради борбата со депресијата, што се одразило и на нејзиниот физички изглед.


По огромните флуктуации во тежината, српско-австралиската тенисерка неодамна ослабела дури 53 кг, а резултатите од своите напори ги покажа на доделувањето на наградите „Logie“.

Јелена, која ја освои наградата за најдобра документарна програма за нејзиниот филм „Unbreakable: The Jelena Dokic Story“, изгледаше поубаво од кога било, а најважно од сè, зрачеше со задоволство.


Поранешната тенисерка за пригодата избра елегантен, долг фустан со опашка од Алин Ле‘ Кал. Станува збор за блескава креација со корсет, украсен со низи од висечки монистри, а изгледот го надополни со темноцрвен кармин и маникир во иста нијанса.

„Изгледаш како холивудска дива“, „Честитки, драга Јелена, ја заслужуваш сета среќа“, „Никој не заслужил почит и признание како тебе“, „Храбра, убава и вистинска дама“… се дел од коментарите за Јелена на Инстаграм.

Емотивниот говор на Јелена Докиќ по освојувањето на наградата

Поранешната спортистка во својот документарен филм сподели потресна приказна за нејзината кариера и живот, 76 дена по смртта на нејзиниот татко Дамир, од кого се отуѓила пред многу години.


Некогашната четврта тенисерка во светот доживувала психичко и физичко малтретирање од својот татко, а отворено прозборе за тоа, станувајќи инспирација за многумина кои се борат со трауми од детството. Говорот што го одржа откако ја доби наградата „Logie“ ги трогна нејзините обожаватели низ целиот свет.


„Знам дека ми кажавте дека имам 30 секунди, но ќе ми требаат 30 секунди само за да се соберам“ рече Јелена на почетокот.


„Всушност сум шокирана. Навистина не мислев дека ова е можно и не подготвив говор“ рече тенисерката и му се обрати на Тод Вудбриџ, поранешен тенисер и нејзин близок пријател.


„Тод, ти си мојот човек. Кога го кажувам тоа, се расплакувам затоа што пред 11 години, кога престанав да играм, седев со тебе на масата и ти ми кажа дека можам да бидам коментаторка и да ја оживеам мојата приказна“ раскажа Јелена и потсети дека некогаш била девојка која не можела „да сврзе две реченици, да ги гледа луѓето во очи, без социјални вештини“.


„Ти беше единствениот што веруваше во мене, особено професионално. Ти благодарам за тоа. Сакам да им кажам на сите – бидете нечиј Тод. Се надевам дека сите ќе можат да го пронајдат Тод, како што го пронајдов јас“ истакна Докиќ.

Таа ја посвети својата победа на сите кои биле жртви и кои преживеале, особено кога станува збор за семејно насилство и борбата за ментално здравје.