Плажата Макарезе во близина на Рим викендов беше погодена од виорен ветер познат како пијавица, кој крена песок и ги однесе чадорите.
Иако ударот траеше само неколку секунди, тој беше доволен за да предизвика конфузија, а седум лица беа повредени: шестмина добија помали модринки, додека едно лице доби медицинска помош.
Според написите, погодени беа три плажни комплекси.
Пијавицата накратко се појавила на брегот северно од Рим, а шанкер од едно од кафулињата за порталот „Аднкронос“ изјави дека времето одеднаш се влошило и дека капачите немале време да ја напуштат плажата поради ова.
„Одеднаш, задува силен ветер и почна да носи сè пред себе – чадори летаа низ воздухот. Траеше само неколку минути, но луѓето се испаничија и почнаа да трчаат во засолниште. Веднаш отидов до лежалките за да им помогнам на спасувачите. Брзо ги затворивме сите чадори и се обидовме да ги обезбедиме луѓето. Владееше општ хаос, но за среќа никој не беше сериозно повреден. Наскоро сè се врати во нормала“, рече тој.