[ВИДЕО] Аларм на плажите во оваа европска земја поради морско суштество: „Болката е ужасна, отровно е дури и кога е мртво“

Точка

04/08/2025

11:01

1.524

Големина на фонт

а а а

Неколку популарни плажи во југозападна Франција, долж атлантскиот брег, беа привремено затворени за капачи откако во регионот Ланд беа забележани единки од опасни морски медузи познати како португалски крстосувач (Physalia physalis), објавија локалните власти.

Овие суштества, кои личат на медузи и припаѓаат на класата Хидрозоа, беа забележани минатата недела на бреговите на Бијариц, Англет, Бидар и Сењос, поради што се поставени знамиња за забрана за пливање, а пристапот до бројни плажи низ овие области е затворен, пишува „Јуроњуз“.

Иако одредени плажи се повторно отворени, властите предупредуваат дека може да има дополнителни затворања во зависност од понатамошното следење на ситуацијата.

Медузите, иако визуелно привлечни поради синкавиот меур исполнет со воздух, имаат отровни пипала долги до 20 метри.

Неговиот убод може да предизвика болни и опасни реакции кај луѓето, вклучувајќи иритација на кожата, повраќање и проблеми со дишењето.

Во ретки случаи, контактот со овој организам може да биде фатален.

Здравствените институции во регионот ги предупредија граѓаните да не ги допираат суштествата со голи раце и веднаш да побараат медицинска помош во случај на каснување.

Експертите исто така предупредуваат дека плакнењето со свежа вода, попрскувањето песок или триењето на кожата може да ги влоши симптомите.

Иако природно живеат во топли тропски и суптропски води, овие медузи неодамна сѐ почесто се гледаат во Атлантскиот Океан, што морските биолози делумно го припишуваат на промените во температурите на океанот поради глобалното затоплување, објаснува „Еуроњуз“.

Локалните власти апелираа до граѓаните и туристите да бидат внимателни, да не се приближуваат до овие организми и да пријават какви било видувања кај надлежните служби.