Секоја година, во текот на првите седум дена од август се одбележува Светската недела на доењето, чија цел е да ја потсети јавноста за предизвиците со кои се соочуваат трудниците и родилките, но и да ја подигне свеста за здравјето на жените и децата. А годинава, dm е дел низа на активности кои ќе ја адресираат оваа тема, под мотото „Предноста на доењето“.
dm drogerie markt ја започна едукацијата преку интеракција на социјалните мрежи, а од 5 август активностите продолжуваат во живо и ќе можат да се проследат бесплатно во Културно-социјалниот простор Центар – Јадро, само преку претходно регистрирање на присуството онлајн.
На 5 август ќе се одржи свеченото отворање на програмата и изложбата на фотографии „Во меѓувреме дојам“, која претставува визуелно сведоштво за доењето со сите негови емоции: понекогаш комично, понекогаш предизвикувачко, но секогаш лично и реално човечко искуство искуство кое претставува дел од приказната на секоја мајка.
Секој ден помеѓу 5 и 7 август, со почеток од 17:00 часот, во КСП Центар – Јадро ќе се одржуваат едукативни сесии во присуство на доктори и експерти. Едукативните сесии ќе бидат отворени за сите кои сакаат да дознаат нешто повеќе за здравјето на мајките, менталното здравје за време на бременост и пост-породилниот период, техники за здраво и успешно доење и методи за лактација и многу други важни работи за процесот на бременоста и справувањето со неа. Дојдете, учествувајте во дискусијата и пронајдете го одговорот на сите ваши прашања!
Како да се пријавите?
За сите настани што се одржуваат во КСП Центар – Јадро, пријавувањето е задолжително преку е-пошта: snd.organizacija@gmail.com, а со секоја пријава добивате и мал подарок и топло изненадување – затоа побрзајте, местата се ограничени! Резервирајте време за себе и за вашето бебе – бидејќи заслужувате поддршка, љубов и внимание.