Рахман Али почина на 82-годишна возраст. Целиот свој живот бил силно приврзан за својот брат и бил негов омилен спаринг-партнер. И самиот бил професионален боксер и во кариерата забележал 14 победи.
Светот на боксот и спортот се прости од Рахман Али, помалиот брат на легендата Мухамед Али, кој почина на 1 август 2025 година на 82-годишна возраст. Неговата смрт беше потврдена од „Muhammad Ali Center“ во Луисвил. Роден како Рудолф Арнет Клеј на 18 јули 1943 година, само 18 месеци по Касиус Џуниор, Рахман пораснал во сегрегираниот Луисвил, Кентаки. Нивното детство било исполнето со братски натпревари, но и со длабока поврзаност.
Рахман Али стапна во професионалниот ринг на 25 февруари 1964 година, токму вечерта кога неговиот брат го шокираше светот со победата над Сони Листон, станувајќи светски првак во тешка категорија. Неговото деби беше симболичен почеток на кариерата што секогаш ќе биде испреплетена со онаа на неговиот брат. Во текот на осумгодишната професионална боксерска кариера, Рахман постигна респектабилен биланс од 14 победи (7 со нокаут), 3 порази и 1 нерешена борба. Се борел на некои од најголемите сцени, често како воведна борба на мечевите на Мухамед, вклучувајќи ја и легендарната „Борба на векот“ против Џо Фрејзер во 1971 година, вечер кога и двајцата браќа ги доживеале своите први професионални порази.
I've just been notified that Rahman Ali, Muhammad Ali's Brother has made his transition 🤲🏿👑🇹🇷🕊️. May Allah be pleased with him 🤲🏿 #Restinpower #RahmanAli pic.twitter.com/bNEnUH3GDs
— Asad J. Muhammad 🇹🇷 (@messageblackman) August 2, 2025
„Бев многу добар боксер, но му помогнав на мојот брат, па ја прекинав мојата кариера за да му помогнам на брат ми и поминав неверојатно добро време“, изјави тој во едно интервју.
Улогата на Рахман Али во животот на „Најголемиот“ далеку ја надминуваше улогата на брат или поранешен боксер. Тој беше негов постојан спаринг-партнер, а поранешниот менаџер на Мухамед, Џин Килрој, еднаш го нарече „најдобриот спаринг-партнер“. Беше покрај него за време на тренинг камповите, патувањата и медиумските бури, вклучувајќи го и периодот кога на Мухамед му беше одземена титулата поради одбивањето да учествува во Виетнамската војна.
Rahaman Ali, ex-boxeador profissional e amado irmão mais novo de Muhammad Ali, infelizmente faleceu aos 82 anos.
— Kombat Goiano (@kombatgoianomma) August 3, 2025
Descanse em paz 🕊🙏🏿 pic.twitter.com/l92SEAMJLa
По неговата смрт, членовите на семејството споделија трогателни сеќавања. Ќерката на Мухамед, Хана Али, напиша:
„Мојот вујко Рахман, од милост наречен Рок, беше слатка, нежна душа со срце големо колку светот … Имаше ист сјај во очите како мојот татко … иста светлина, иста немирност, иста љубов.“
По смртта на Мухамед во 2016 година, Рахман ја презеде улогата на чувар на семејната историја и наследството на брат му. Стана амбасадор на „Muhammad Ali Center“ во Луисвил, каде често ги пречекуваше посетителите и споделуваше приказни за нивното растење. Своето искуство и единствен поглед на животот покрај иконата го документираше во две книги: „That’s Muhammad Ali’s Brother! My Life on the Undercard“ (2014) и „My Brother, Muhammad Ali – The Definitive Biography“ (2019).