Штутгарт го изигра Атлетико – Мило на пат кон Саудиска Арабија

Макфакс

04/08/2025

14:53

212

Големина на фонт

а а а

Францускиот фудбалер од редот за врска, Енцо Мило, долго време се поврзуваше со Атлетико Мадрид, но тој кариерата ќе ја продолжи во Саудиска Арабија.

Енцо Мило беше виден на стадионот „Метрополитано“, иако неговото пристигнување беше одложено поради Штутгарт, кој одолговлекуваше со условите за плаќање.

Се испостави дека „Швабите“, намерно ги одолжиле преговорите со шпанскиот клуб, чекале сигнал од Саудиска Арабија.

Мило беше поврзуван и со Тотенхем, но на крајот победи најбогатиот.

Усен договор меѓу Ал Ахли и играчот за врска веќе постои, и сè уште не е познато колку би можел да изнесува целиот договор. Се споменуваше дека Атлетико морал да плати 23.000.000 евра, па се очекува дека приближно иста сума ќе уплати Ал Ахли в касата на Штутгарт.