Македонскиот фудбалски шампион Шкендија ќе има долг престој во Европа затоа што веќе обезбеди сигурен пласман во групната фаза на Конференциската лига на УЕФА.
Меѓутоа „црвено-црните“ од Тетово можат да играат во првиот и вториот ранг или поточно во групните фаза во Лигата на шампионите и Лига Европа, ама затоа ќе мора да елиминираат некој од наредниве противници.
Познато е дека Шкендија во третото квалификациско коло на ЛШ ќе ги одмери силите со Карабах од Азербејџан. Во случај да ја мине оваа рунда тогаш оди на мегдан со подобриот од Лудогорец (Бугарија) и Ференцварош (Унгарија)
Пораз пак ги носи во плејоф рундата за Лига Европа каде за ривал ќе го имаат поразениот од бугарско-унгарската пресметка.