Почнува изградбата на нова спортска сала во Воената академија во Скопје

Макфакс

04/08/2025

09:23

226

Големина на фонт

а а а

Премиерот, Христијан Мицкоски, ќе присуствува на поставување на камен темелник на нова спортска сала во Воената академија „Генерал Михајло Апостолски“ Скопје.

Инвеститор на овој проект е Министерството за спорт, а вредноста изнесува 64.780.000 денари.

По завршувањето на инвестицијата, спортската сала ќе биде дадена на трајно користење на Министерството за одбрана, за тренинг на питомците на Воената Академија, но ќе бидат обезбедени термини и за учениците и жителите на Општина Аеродром.