Српската водителка Ана Михајловски, позната по тоа што се занимава со активизам и јавни теми, објави на Инстаграм необично видео со кое го привлече вниманието на своите следбеници.
Таа сподели видео во кое зборува за маскара, додека во позадина се прикажуваат снимки од бомбардирање во Бејрут, но и низ целата Газа, испраќајќи силна порака за состојбата во која се наоѓа светот.
„Морав да се вклучам за да ви покажам нешто. Вчера ми стигна оваа маскара. Не знам дали добро гледате. Толку е совршена, трепките некако изгледаат здраво кога се користи. Не знам дали преку видеото можете да забележите колку ги издолжува трепките и едноставно го отвора окото. Сакам да им се заблагодарам на луѓето кои ми ја испратија. Ова е навистина неверојатен производ. Ако сакате, можете и вие да ја купите“, зборува во видеото додека во позадина се прикажуваат снимки од бомбардирања на Блискиот Исток.
„Социјални мрежи 2025“, напиша покрај видеото, а во описот објасни дека на тој начин сакала да ја подигне свеста за хуманитарните кризи и вооружените конфликти ширум светот.
„Содржината не е насочена против ниту една личност, група или заедница, ниту има за цел прозивање поединци. Целта е информирање, емпатија и поттикнување дијалог за важни глобални теми“, напиша.
„Видеото одлично го прикажува парадоксот на нашето време“
Нејзиното видео предизвика бројни коментари, а многумина го пофалија овој потег.
„Секоја чест, Ана“, „Фала ти за ова“, „За жал, вистина“, се дел од коментарите под снимката. „Видеото е совршено и одлично го прикажува парадоксот на нашето време и социјалните мрежи, паралелните реалности и одвоеноста што ја негуваме како човечки род. „Кој не разбрал, нема ни да сфати“, стои во еден од коментарите.