Попладне пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за краткотрајно невреме: Внимателно при електрични празнења

Макфакс

28/07/2025

14:47

2.037

Големина на фонт

а а а

Денес попладне, во текот на ноќта и утре претпладне ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за краткотрајно невреме.

До четврток ќе преовладува променливо облачно и посвежо време со локална појава на пороен дожд, грмежи и услови за краткотрајно невреме, особено во четврток.

Во Скопје, во текот на ноќта и утре претпладне ќе има повремен пороен дожд и услови за појава на грмежи. Нестабилно со пороен дожд и грмежи ќе биде и во четврток, а во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме.

Во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја, препорачуваат од УХМР.