Поранешниот сопруг на Бугарката Силва, љубовницата на Бастијан Швајнштајгер, првпат се огласи во јавноста и ја прозва неговата поранешна партнерка.
Разводот на Ана Ивановиќ и Бастијан Швајнштајгер и натаму е главна тема во светот на спортот. Без оглед на тоа што ниту еден повеќе не е активен во спортот, за нивниот приватен живот и тоа како се пишува периодов.
Новата љубовница на Бастијан е Бугарката Силва Капитанова, а таа го завела поранешниот германски фудбалер и моментално уживаат во нивната афера поради тоа што тој сѐ уште не е официјално разведен.
Сега бугарските медиуми разговарале со Маркус Ферагут, поранешниот сопруг на Силва.
„Оваа жена ми го уништи животот. Ме лажеше дека оди на танц и во теретана, а во суштина одеше да задоволува друг човек. Останав дома да ги чувам децата“, се наведува во текстот на бугарскиот магазин „Лупа“. Во овој случај нејзиниот поранешен сопруг алудира на нејзината прва афера поради која тие се развеле.
Маркус сега мора да се грижи за нивните две мали деца, за синовите од шест и осум години кои ги добил во бракот со Силва, додека таа за тоа време била фотографирана со Бастијан на одмор во Грција.
Маркус Ферагут е бизнисмен и музички промотор на Мајорка, а тој меѓу последните дознал за аферата на неговата поранешна сопруга.
Обвинета за уцени и закани
Не е првпат Силва да е фатена во неверство, поради тоа што имала афера со танчарот Карлос и тоа додека била во брак.
Потоа во февруари 2023 година поднела пријава во полиција против Карлос и тврдела дека ја уценува, ѝ се заканува и ја вознемирува, а ги приложила пораките како доказ. Издадена била забрана за приоѓање, но случајот набрзо потоа бил отфрлен, а таа обвинета за уцени и закани.
По аферата Силва се развела од Ферагут со којшто има две деца.