Принцезата Дијана своето последно лето го поминала со Доди Ал Фајед: Еден детаљ од одморот што малкумина го забележаа

Точка

25/07/2025

19:50

2.349

Големина на фонт

а а а

Принцезата Дијана летото 1997 година го поминала неоптоварена и слободна – токму како што сакала, но не можела, поголемиот дел од својот живот. По години поминати под будното око на јавноста, во сенка на британските кралски должности и во брак со тогашниот принц Чарлс, што долго време бил само формалност, Дијана одлучила да го помине тоа последно лето подалеку од Бакингемската палата. Таа избрала луксузни дестинации како што се Коста Смералда и Сен Тропе, каде што запознала многу прекрасни луѓе кои ја гледале како жена, а не како принцеза.

Таа била во друштво на Доди Ал-Фајед, синот на милијардерот Мохамед Ал-Фајед, на јахтата „Jonical“ и тогаш конечно „го соблекла својот оклоп“. Фотографиите од тој период ја покажуваат насмеана, во лежерни костими за капење, како ги прегрнува своите синови Хари и Вилијам, скокајќи од палубата во морето… Многумина ја препознаа како жена која со години копнеела по обични денови, слобода од протокол и папараци.


Својата слобода ја добила разведувајќи се од принцот Чарлс една година претходно, но и јавно признавајќи ги своите лични борби – како што се депресијата и булимијата – што ја издвојуваа од остатокот од британската аристократија, кои ги криеја своите проблеми од очите на јавноста. Токму во тие моменти, кога светот ја гледаше каква што навистина беше – ранлива, но храбра – Дијана изгледаше помирна од кога било.


За жал, таа слобода не траела долго. Само неколку недели откако уживала во летото, Дијана загинала во сообраќајна несреќа во Париз, бегајќи од папараците кои ја прогонуваа со години. Тоа лето 1997 година заврши трагично, но беше запаметено како краток, скапоцен момент од нејзината вистинска слобода и живот без круна.


Последниот пат Доди и Дајана беа фотографирани во хотелот „Риц“ во Париз, а фотографиите од лифтот каде што се смешкаа беа направени само неколку часа пред нивната смрт. Принцезата почина во париска болница на 31 август 1997 година во раните утрински часови. Да преживееше, денес ќе имаше 64 години.