Екс соиграч на Антиќ: Леброн се допингуваше во Мајами!

Дерби

24/07/2025

12:19

1.503

Големина на фонт

а а а

Леброн Џејмс има настапувано за три клубови во својата НБА кариера, а еден од нив е Мајами Хит каде ги доживеа најголемите успеси и освои две титули.

Тоа е периодот од 2010 до 2014 година, период во кој „кралот“ според Џеф Тиг користел недозволени средства. Некогашниот соиграч на Перо Антиќ од Атланта Хокс во еден поткаст изнесе сериозни обвиненија на сметка на Леброн.

- Користеше стероиди и поради тоа беше принуден еден период да се тргне. Кога беше тестирањето за хормонот за раст, рече дека грбот му е повреден. Паузираше три недели и потоа се врати ‘чист’, како ништо да не било“ - истакна Тиг.

Ова секако донесе многу реакции, па Џеф се обиде да ја смири топката со порака на социјалните мрежи.

- Сите сте чудни. Се шегував за Брон. Смирете се, тој беше доминантен, - истакна плејмејкерот.