Тренерот на Лозана: Не сме фаворити против Вардар, шансите се…

Дерби

24/07/2025

11:30

233

Големина на фонт

а а а

Лозана е вториот ривал на Вардар во квалификациите за Конференциската лига на УЕФА, ривал кој е далеку подобар, поквалитетен од Ла Фиорита, меѓутоа швајцарскиот клуб не сака да ја преземе улогата на фаворит во оваа пресметка.

Швајцарскиот фудбал без разлика дали е во прашање клупскиот или репрезентативниот е далеку подобар од нашиот, ранкингот на тимовите е повисок, меѓутоа предводникот на Лозана, Питер Цајдлер е внимателен и воопшто не го потценува Вардар.

- Дали ние сме фаворити? Не, мислам дека шансите се 50/50. Двата тима се блиску во однос на вештините. Еден од нас ќе се пласира понатаму следната недела, ама нема фаворит, - вели искусниот Германец.

- Секако, ги гледавме двата натпревари на Вардар против Ла Фиорита во претходното коло. Ни оставија добар впечаток: тие се тим кој знае да игра фудбал. Мислам дека ја претставија Македонија многу добро.

- Навистина се радуваме на овој натпревар. Поминаа 15 години откако Лозана последен пат играше натпревар во Европа. Ќе дадеме се од себе за добро да ја започнеме оваа сезона, - дополни Цајдлер.

Првата средба меѓу Вардар и Лозана се игра вечерва од 20:30 часот на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.