Интер имаше разочарувачки крај на минатата сезона, сезона во кој до последен момент беше во игра за сите трофеи за да потоа доживее катастрофа и остане со празни раце.
Крај на таа „драма“ беше елиминацијата од Флуминенсе на Светското клупско првенство по кое капитенот Лаутаро Мартинез експлодираше и порача дека играчите кои не сакаат да се тука треба да го напуштат клубот. Тој не спомена ниту едно име, меѓутоа тогаш во фокусот беше Чалханоглу со можното враќање во родната Турција.
Имаше повеќе изјави од тренерот, претседателот на Интер, потоа имаше и реакција од сакамиот Хакан и некако изгледаше дека Турчинот е на излезна врата од калчолигашот, меѓутоа ништо од тоа сценарио и тој ќе продолжи да биде дел од сегашната екипа.
- Секоја година има гласини за трансфер, овој пат малку повеќе, но не кажав ништо бидејќи сакав нашите навивачи да видат дека сум се вратил: не е во ред секогаш да се даваат изјави. Секако, среќен сум што се вратив; јас сум играч на Интер и сакам да останам тука, - рече Хакан кој потоа проговори за ситуацијата со Лаутаро.
- Разговаравме. Ние сме професионалци, нема проблем. Кога капитенот ќе се врати, само ќе го прегрнам. Сега е на одмор, и тоа е точно. Имавме полни умови. Денес, сите сме порелаксирани и гледаме напред, - заклучи Чалханоглу.