[ФОТО] Повторно зближен поранешниот пар? Убавата актерка отпатувала на одмор заедно со музичарот и нивната ќерка

Точка

23/07/2025

19:01

1.059

Големина на фонт

а а а

Музичарот Машин Ган Кели и актерката Меган Фокс отпатувале во Костарика заедно со нивната ќеркичка, пишува Ти-ем-зи. Реперот и актерката биле фотографирани на аеродромот во Либерија, додека ја чекале багажот по комерцијален лет кон Костарика.

Судејќи по фотографиите, изгледа дека Машин Ган Кели и Фокс сега се во многу подобри односи отколку лани, кога се разделија по Денот на благодарноста. Очигледно, нивното заедничко родителство засега функционира добро. Нивната ќерка е родена во март, а Машин Ган Кели минатиот месец откри дека ја нарекле Сага Блејд Фокс-Бејкер.

Двојното презиме, како што шпекулираат медиумите, може да биде знак дека актерката и музичарот се обидуваат повторно да го изградат својот однос, а семејното патување во Костарика дополнително ги поттикна тие гласини.

Иако ова е нивно прво заедничко дете, не е првпат Фокс и Машин Ган Кели да се најдат во улога на родители. Фокс веќе има три синови, Ноа (12), Боди (11) и Џорни, од претходниот брак со актерот Брајан Остин Грин. Машин Ган Кели пак има ќерка, Кејси (16), од врската со поранешната партнерка Ема Кенон.


Да потсетиме, Меган Фокс и Машин Ган Кели започнаа врска во 2020 година, по разводот на актерката од Грин. Се верија во јануари 2022 година, но ја раскинаа свршувачката во февруари 2023 и продолжија да се гледаат без формални обврски. Романската заврши во ноември, откако актерката наводно открила дека Машин Ган Кели се допишувал со други жени зад нејзин грб. Како што претходно пишувавме, раскинале за време на Денот на благодарноста, додека биле на одмор во Вејл, Колорадо.