Синоќешната премиера на филмот „The Naked Gun“ во Лондон донесе одлично модно издание на Памела Андерсон (58), која и овој пат се појави на црвениот тепих со дискретна шминка, како и нејзиниот бакнеж со славниот актер Лијам Нисон (72), додека веќе интензивно се шпекулира дека се повеќе од колеги и пријатели.
Памела Андерсон докажа дека и со минимална шминка на лицето може да се изгледа навистина гламурозно.
Нејзината природна убавина беше доволна за да заблеска, а во елегантниот виолетов фустан навистина изгледаше беспрекорно. Гламурозната фризура многу повеќе ѝ прилега отколку шишки. Бескрајно шармантниот Лијам Нисон бил облечен полежерно.
Изгледале како совршен тандем, иако на прв поглед може да делуваат како сосема неспоив пар. Продуцентите на продолжението на прочуената комедија одлично проценија кога ги избраа за главни актери, а публиката се надева дека Памела Андерсон и Лијам Нисон ќе станат и љубовни партнери.
Дека тоа може да се случи, навестил Лијам Нисон.
„Прво и основно, лудо сум заљубен во Памела Андерсон. Со неа е едноставно прекрасно да се работи. Не можам да ѝ дадам доволно комплименти, искрен да бидам со вас. Таа едноставно доаѓа и ја завршува работата, без никакво големо его … Духовита е и лесно е да се работи со неа. Ќе биде одлична во филмот“, изјавил актерот пред неколку месеци за „People“.
Памела Андерсон, која синоќа го бакнала славниот актер, не го криела воодушевувањето од Нисон и нагласила дека тој е скромен и совршен господин, дека одлично глуми и тоа го прави со почит, љубезност и огромно искуство.
„Беше апсолутна чест да работам со него. Искрено се грижеше за мене, ми го стави капутот кога ми беше студено“, изјавила таа и додала дека му печела леб и колачиња кои му ги оставала во гардероберот.
Актерот порано се пошегува дека не знае како ќе се справи со улогата која во оригиналот ја играл Лесли Нилсен. Продолжението на филмот со Нисон како Френк Дребин имаше премиера на 15 јули.
Лијам Нисон, чија сопруга Наташа Ричардсон почина во 2009 година, неодамна зборуваше за врските и рече: „Сè тоа сум го поминал“. Славниот пар се венчал во 1994 година и добиле синови Мајкл (29) и Даниел (28). Миленикот на женската публика бил од 2010 до 2012 година во врска со директорката за односи со јавноста Фреја Џонсон.
Лијам Нисон бил во врски со Хелен Мирен, Брук Шилдс и Барбра Стрејсенд. Со славната Хелен (79) се запознал во 1981 година на снимањето на филмот „Excalibur“ и веднаш бил воодушевен од неа. Романса траела четири години, а од време на време се слушаат.
Нисон зборувал за времето кога патувале во југозападна Франција: „Се сеќавам дека отидов таму со Хелен да гледаме борба со бикови, што беше извонредно. Имав многу мешани чувства за тоа – да гледаш извонредни дела на храброст и потоа да гледаш ужасна смрт. Потоа бевме на кампување во долината на Лоара. О Боже, беше прекрасно. Хелен беше добра готвачка, готвеше надвор на оган … Прекрасно“.
Лијам Нисон за покојната сопруга Наташа Ричардсон
Памела Андерсон имала многу бурен и тежок живот, а Лијам Нисон пред неколку децении ја загуби сопругата Наташа Ричардсон.
Актерот јавно говорел за трагично настраданата сопруга и сè уште не се помирува со нејзината смрт. Се запознале во 1993 година на Бродвеј. Наташа Ричардсон тогаш била во брак со Роберт Фокс, додека Лијам Нисон го следела репутација на миленик на жените. Кога завршиле со работа на претставата „Ана Кристи“, тој отпатувал во Полска за улога во прочуениот филм „Шиндлерова листа“.
„Ме стигнуваш. Многу љубов од мене. Оскар“, ѝ напишал честитка за 30-тиот роденден. Оскар е името на неговиот лик во споменатото дело на Стивен Спилберг, а ова „ме стигнуваш“ бил негов духовит коментар за нејзиниот роденден и фактот што тој е 11 години постар од неа.
„Дали ми ја испрати пораката пријател или …? Сакам да знам каков е статусот на нашата врска?“, била директна актерката со што го освоила Нисон, кој подоцна признал дека се вљубил во неа во тој момент.