Конор Мекгрегор повторно се најде во центарот на љубовен скандал, а неговата свршеница и овој пат молчи … Сите се прашуваат – дали ќе му ја прости и оваа афера?
Ѕвездата на ММА, Конор Мекгрегор, неодамна беше снимен како на плажа на Флорида разменува нежности со непозната жена, по што неговата партнерка Ди Девлин повторно се најде во фокусот на јавноста и на столбот на срамот.
Скандалозните фотографии го обиколија светот, а многумина сега се прашуваат дали Ди повторно ќе покаже големо срце и ќе премолчи. Тие се заедно 15 години, но сè уште не се во брак – свршувачката се случи во август 2020 година.
Имаат четири деца, живеат во луксуз и често патуваат, а нивниот имот во 2023 година се проценуваше на дури 160 милиони фунти, пренесува "Jutarnji.hr".
Нивната љубовна приказна започна уште во 2008 година, кога беа тинејџери, а Ди му беше најголема поддршка токму тогаш кога најмногу му требаше – кога беше невработен.
„Делуваше како добра девојка, а јас сакам добри девојки“, изјави тогаш Мекгрегор, додавајќи дека сака да ја „разгалува“ и дека поминале многу заедно. Но, изгледа дека приказната тргна во сосема друга насока…
Ова не е првпат Конор да не може да ги контролира своите страсти. Овој викенд ситуацијата отиде уште подалеку – не ги тргаше рацете од непозната бринета, и тоа откако претходно раперката Азелија Бенкс го обвини за сексуално вознемирување. Ова е веќе трето слично обвинение од различни жени.
И покрај бројните скандали кои го следат, неговата партнерка досега сè игнорираше и дури му честиташе роденден со серија фотографии – јасно ставајќи до знаење дека сè е во ред меѓу нив.
Но, дали така и ќе остане?