Со години се шпекулираше дека Стиви Вондер всушност не е слеп, пејачот конечно одлучи да проговори за сè: „Време е да ви ја кажам вистината...“

Точка

17/07/2025

21:19

3.603

Големина на фонт

а а а

Со години кружат теориите на заговор за слепилото на Стиви Вондер, а легендарниот музичар сега одлучи конечно да излезе пред јавноста и да ја открие вистината.

Пејачот, кој е слеп од детството, одржа концерт во Кардиф како дел од неговата турнеја „Љубов, светлина и песна“, а во таа пригода ја прекина изведбата на песната за да ѝ се обрати на публиката и да стави крај на долгогодишните гласини.

„Знам дека сите сте слушнале секакви приказни, а некои од вас веројатно сè уште веруваат дека всушност можам да гледам. И, знаете што? Време е да ви ја кажам вистината“, рече Вондер, предизвикувајќи тишина кај публиката.

„Не, не можам да гледам. Слепилото се појави набргу по моето раѓање и сум благодарен за тоа. Ми овозможи да го гледам светот низ поинаква визија – визија на вистината. Да ги гледам луѓето низ нивниот дух, а не низ нивниот изглед. Не по бојата на нивната кожа, туку по бојата на нивниот дух.“


Музичарот претходно објасни дека му била дијагностицирана ретинопатија набрзо по предвременото раѓање. Состојбата може да се појави кај бебиња кои се родени предвреме, бидејќи дополнителниот кислород во инкубаторот може да предизвика раст на абнормални крвни садови во мрежницата, што доведува до слепило.

„Не сум роден слеп, но веднаш ме ставиле во инкубатор. Поради премногу кислород, крвните садови во моите очи беа оштетени. До моментот кога ја изведов мојата прва песна, веќе бев слеп.“

Една од најпознатите анегдоти што ги поттикна теориите дека Стиви Вондер всушност може да гледа доаѓа од поранешниот НБА играч Шекил О’Нил. Тој тврдеше дека тој и Вондер живееле во истата зграда во Лос Анџелес и дека во една прилика самиот пејач го препознал во лифтот и го притиснал копчето.

„Возачите штотуку ги паркираа своите автомобили, а Стиви влезе во лифтот. Јас веќе сум внатре. Тој праша: „Што има, Шек?“ и го притисна копчето. Излезе на својот кат и си замина“, рече О’Нил.

„Веднаш се јавив на дванаесет луѓе за да им кажам. Никој не ми веруваше.“


Освен тоа и други коментираа дека се однесува како да може да гледа, наведувајќи ситуации во кои наводно го фатил микрофон што паѓал или се свртел кон камерата во вистинскиот момент.

Без оглед на гласините, Вондер останува верен на својата порака. Неговото слепило не е пречка, туку дар што му помогнал да го види светот на подлабок начин.


„Не мора да гледате за да имате визија. Визијата е способност да замислите нешто подобро, да чувствувате повеќе и да верувате. И тоа е она што отсекогаш сум се обидувал да го пренесам преку мојата музика.“