„Анима мунди“: Феликс не беше само куче, беше жртва. Стана симбол, а од денес и преседан

Макфакс

15/07/2025

15:06

244

Големина на фонт

а а а

„Првпат во Македонија убиство на животно завршува со затворска казна. Основниот кривичен суд – Скопје го осуди Љубе Крстевски на три месеци ефективен затвор за свирепото убиство на Феликс, а неговиот соучесник доби глоба од 1,000 евра“, велат од „Анима мунди“.

„Феликс почина на 7 јануари 2025 година од последици на брутално насилство. ‘Анима мунди’ и ЈП ‘Лајка’ поднесоа кривична пријава, а денес добивме прва пресуда со затвор за убиство на животно. Ја добивме сите ние што не молчевме. Во името на Феликс. Во име на сите животни што никогаш не добиле правда.

Драги хумани граѓани, ова не е само судска одлука. Ова е правна пресвртница. Недоволна – да. Но, гласна, недвосмислена и прва. И нема да остане последна.

Феликс не беше „само куче“. Беше жртва. Стана симбол. А од денес и преседан❗️


За првпат во Македонија, убиство на...

Posted by Anima Mundi - здружение за заштита на животни on Tuesday, July 15, 2025

Оваа пресуда испраќа суштинска порака: дека животното не е предмет, дека насилството ќе носи последици. Дека владеењето на правото не е празна флоскула, туку мора да има вистинска тежина, особено кога општеството е сведок на системско молчење и отсуство на одговорност. Дека повеќе не може секој монструм да гази, убива и мачи без последици“.

Судијката Лидија Петровска изјави: „Се работи за дело што предизвика висока јавна чувствителност и морална загриженост. Со изрекување ефективна казна затвор се испраќа порака дека ваквите постапки нема да се толерираат“. Порака која е важно да се слушне гласно. Која сакаме да ѕвони во ушите на секој што мисли дека насилството врз животно е ништо“.

Затоа што злосторства нема да остануваат неказнети. Никогаш повеќе. Случајот со Феликс беше тест – за институциите, за моралот, за државата. Денес, системот покажа дека може да биде на страната на хуманоста кога постои волја“, се додава во соопштението на „Анима мунди“.