[ФОТО] Светската ѕвезда се појавила на Вимблдон, но никој не ја препознал: Ја „гази“ 7-та деценија, има милиони, но и натаму живее скромно

Точка

15/07/2025

08:46

2.963

Големина на фонт

а а а

Цел свет го следеше финалето на Вимблдон, како учесниците на турнирот така и останатата публика во која имало многу познати личности од јавниот свет.

Кејт, Вилијам, Леонардо, Никол, Ана Винтур... Но, една госпоѓа скоро никој не ја препознал, иако своевремено важеше за планетарна сензација. Тоа била Сузан Бојл.

Светската популарност оваа госпоѓа ја стекна во 2009 година благодарение на натпреварот „Британија има талент“, кога жирито и гледачите и целиот универзум го оставила без текст поради фантастичната изведба на песната „I Dreamed A Dream“.


Сузан Бојл, скромната домаќинка од Шкотска своите пет минути слава ги дочекала на 48 години, докажувајќи дека навистина не е доцна за тоа.

Победата ѝ избегала за влакно, но набрзо потоа објавила албум којшто срушил рекорди како најпродавано деби издание во Британија на сите времиња.

Оваа талентирана госпоѓа од малото гратче, преку ноќ станала ѕвезда. Сите сакале да ја слушнат, настапите се нижеле, а со нив и милионите на сметка, па денес се проценува дека е „тешка“ околу 40 милиони долари.

Но, сепак таа останала скромна. Купила вила во која се обидела да живее, но не можела да се приспособи на тоа ново, раскошно опкружување, па се вратила во новиот дом. Таа купила уште една куќа покрај нејзината, ги споила и направила своја мала оаза.

Пред неколку години беше објавено дека Бојл има Аспергеров синдром, невролошки проблем од спектарот на аутистични нарушувања, но среќа во несреќа, разните тестови кои морала да ги направи покажале дека е натпросечно интелигентна.

Во меѓувреме го сменила и стилот на облекување. Некогашната „обична фризура“ ја заменила со модерни варијанти, а секојдневната гардероба со елегантни креации.


Покрај тоа, Сузан вредно работи на себе, ја довела линијата во ред, па често луѓето не можеле да ја препознаат на улица.

Слична ситуација се случила и на овогодишниот Вимблдон. Сузан, која во април го прославила 64 роденден, го следела женското финале, но малкумина ја препознале. Камерите често го насочувале објективот кон публиката, меѓутоа големата ѕвезда речиси никој не ја забележал.


За оваа прилика таа носела бела комбинација, во состав со дрес-кодот на најпрестижниот турнир.

Долг, лесен, бел фустан, блејзер, чевли во златна нијанса и шешир – комбинација која совршено ѝ стоела.