Скандал во Кремљ! Висок руски функционер ја носел љубовницата со воен авион вреден 100 милиони долари – објавени се провокативни видеа и детали за летовите

Точка

13/07/2025

14:14

5.309

Големина на фонт

а а а

Нови секс-скандали го потресуваат Кремљ, откако британскиот весник "The Sun" објави дека висок функционер од блискиот круг на Владимир Путин користел воен авион вреден 100 милиони долари за да ја носи својата љубовница низ Русија.

23-годишната Марија Шалајева објавила на социјалните мрежи дека ја превезол авион на руското Министерство за одбрана, модел "Иљушин-76", до Ростов на Дон, каде се наоѓа и главниот штаб на руската армија.

Како можен љубовник е посочен новиот министер за одбрана Андреј Белоусов (66), долгогодишен кремљски бирократ и близок до Путин. Во едно видео објавено од Шалајева, се гледа маж со седа коса — слична на онаа на Белоусов. Но, има и сомнежи дека мажот во кратки панталони можеби е помлад.


Независни медиуми предупредуваат на можни безбедносни последици, бидејќи девојката на социјалните мрежи објавувала фотографии и информации за летовите, а дури и за тоа кој ѝ ги организирал.

Според воени извори, руските служби за безбедност го посетиле „спонзорот од Кремљ“ откако девојката споделила компромитирачки детали.


Шалајева, која потекнува од Екатеринбург, признала дека нејзиниот партнер ѝ организирал маникир во Ростов и дека патувала со три-годишниот син Тима, кој, како што самата се пофалила, „седел во пилотската кабина и јадел чипс со пилотот“.

Таа не го именува мажот, но изјавила: „Тоа е човек од Кремљ. Не е војник, не е ФСБ. Знам кој е, ама не смеам да кажам“.


Независниот белоруски медиум "NEXTA" ја поврза Шалајева со Белоусов, но без цврсти докази. Локалните медиуми први пишуваа за случајот, но без да го именуваат функционерот.

Пензионираниот генерал-мајор Владимир Попов побара итна истрага, велејќи: „Ако ова стигне до министерот, ќе има строги последици.“


Про-кремљскиот воен блогер Андреј Медведев предупреди дека „контраразузнавачката служба има полни раце работа“, истакнувајќи колку информации западните служби можат да соберат само од следење на социјални мрежи.

Скандалот изби во момент кога Кремљ е обвинет дека го прикрива убиството на сменетиот министер за сообраќај Роман Старовојт, кој бил пронајден мртов со прострелни рани — само 24 часа откако бил отпуштен од функцијата. Независниот медиум "SOTA" тврди дека на неговото тело имало траги на измачување.