„Четврти стадиум на канцер не е никаков годишен одмор“: Актерот открил детали од борбата со опасната болест и зошто се повлекол од глумата

Точка

09/07/2025

08:45

3.574

Големина на фонт

а а а

Холивудскиот актер Мајкл Даглас (80) открил дека намерно ја прекинал актерската кариера преку ноќ.

Добитникот на Оскар рекол дека од 2022 година наваму не прифатил ниту еден проект и тоа со причина. Како што вели, сфатил дека едноставно мора да застане.

„Работев прилично интензивно речиси 60 години и не сакав да бидам еден од оние луѓе кои буквално паѓаат на сетовите и умираат. Навистина немам намера да се вратам“, изјавил деновиве пред новинарите на Меѓународниот филмски фестивал Карлови Вари во Чешка.


Тој рекол и дека неговата борба со канцер на грлото имала големо влијание врз таа одлука.

„Четврти стадиум на канцер не е никаков годишен одмор, но немам многу избор, зарем не? Го прифатив протоколот, хемотерапијата и зрачењето и имав среќа. Операцијата би значела дека повеќе не можам да говорам и дека би ми отстраниле дел од вилицата, а тоа би ме ограничило како актер“, додал тој.

Неговата последна филмска улога била онаа на д-р Хенк Пајм во филмот на Марвел „Ant-Man“ од 2023 година.

Наредната година се појавил во мини-серијата „Franklin“ во која го толкувал ликот на Бенџамин Френклин.

Вели дека не планира да се враќа на филмскиoт сет, а напомнал дека единствено би можело да го привлече „нешто навистина посебно“.

„Не велам дека сум во пензија затоа што доколку се појави нешто исклучително, би се вратил, инаку не“, објаснил актерот.


Откако се оддалечил од работата, Даглас сака што повеќе време да поминува со семејството, особено со сопругата Кетрин Зита Џонс.

Тие се венчале во 2000 година и имаат две деца, синот Дилан (24) и ќерката Керис (22), а од првиот брак актерот го има синот Камерон (46).